Еминентниот италијански весник „Кориере дело Спорт“ пренесе дека рускиот гигант Зенит бил силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Имено, клубот од Санкт Петербург бил спремен да понуди сума помеѓу 15 и 20 милиони евра за Несторовски, но Палермо одбил да го продаде својот најдобар фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната причина поради која Зампарини ја одбил богатата понуда е што немало време кога да најде адекватна замена за Македонецот.
Останува да видиме дали Зенит и во летниот преоден рок ќе се интересира за Несторовски и дали ќе испрати иста понуда.