Дома Видео Несекојдневна ситуација: Голот беше празен, а топката застана на самата линија

Несекојдневна ситуација: Голот беше празен, а топката застана на самата линија

Баер Леверкузен денеска во рамките на 25. коло од Бундеслигата го совлада Хановер во гости со 3:2.

Гостите дојдоа до водство во 13 минута кога Воланд погоди за 1:0, а истиот играч во 28. минута ја зголеми предноста на 2:0 и со тој резултат се замина на полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хановер во продолжение стигна до израмнување со голови во 51. и 73. минута. Победата Леверкузенја донесе во 87. минута.

Така Леверкузен потешко од очекувањата стигна до победа против една од послабите екипи во лигата, и сега се наоѓа на петото место во лигата со 42 бода.

Овој натпревар го одбележа и несокојдневната ситуација во 32. минута, кога играчот на Хановер Харагучи го помина гостинскиот голман и шутираше на празен гол, но сепак топката не заврши во мрежата, туку застана на самата линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Фудбалер на Сандерленд се обиде со „паненка“ и се посрамоти за сите пари (Видео)

Најголемата можност за поврат на Сандерленд во натпреварот против Брентфорд ја промаши Енц…