Италија веќе има пет учесници во Лигата на шампионите, а по вчерашната победа на Аталанта против Баер Леверкузен во финалето од Лигата на шампионите се зголемија шансите Серија А да има и шест екипи во најелитното европско друштво.
Шестиот патник во европската елита од Италија може да биде Рома. Рома вчера навиваше за Аталанта, а сега ќе навиваат против.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аталанта ја освои Лигата на Европа со што и од таму си обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. За Италија да добие и шести учесник во ЛШ тие треба да завршат на петто место каде што се во овој момент, но со натпревар помалку од Болоња и Јувентус и ако слават ќе дојдат до третата позиција.
Болоња и Јувентус кои имаат уште еден натпревар до крајот се на 68 бода, додека Аталанта има 66 и два натревари до крајот. Во преостанатите две средби Аталанта игра дома со Торино и со Фиорентина и ако собере доволно бодови да се трети или четврти, Италија ќе остане со пет екипи. Во случај да останат петти, Италија ќе има шест тима во ЛШ.
Сега останува да се види какви ќе бидат резултатите на Аталанта во овие два натпревари и дали ќе влезат максимално фокусирани по трофејот во ЛЕ.