Дома Македонски спорт Неофицијално: „Филип Втори“ ќе се преименува во Тоше Проески!

Неофицијално: „Филип Втори“ ќе се преименува во Тоше Проески!

Она што неодамна беше најавено изгледа денес добило потврда.

Имено, најголемиот македонски стадион „Филип Втори“ ќе добие ново име, а според информациите на „Плус Инфо“ тој ќе го носи името на најголемиот македонски пејач Тоше Проески!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Плус Инфо“ објавија дека добиле потврда од Владата на Македонија дека стадионот ќе биде преименуван во Тоше Проески.

„ АДСДП до Владата поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект“, изјави извор од Владата за „Плус Инфо“.

Доколку ваквите најави се потврдат тогаш ова ќе биде четврто преименување на најголемиот спортски објект во Македонија. Претходно во 2009 година го доби името „Филип Втори“, потоа во 2016 година беше преименуван во „Телеком Арена“, за потоа кога се раскина договорот тој да биде вратен во „Филип Втори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…