Дома Фудбал Италија Немир во Јувентус: Сари во голема расправија со раководството!

Немир во Јувентус: Сари во голема расправија со раководството!

Јувентус беше незадоволен што Сари не го исполни ветувањето и ги остави цигарите.

На тоа се надополнува и пневмонијата која го исфрли од клупата ден пред првенството. Шампионот ги доби двата натпревари, против Парма и Наполи, вториот натпревар беше вистинска драма, не се резултатите она за што се грижи тренерот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Како што пишуваат италијанските медиуми тој по враќањето во тренинг центарот, откако што лекарите му дале дозвола да ги тренира играчите кои не си заминале на репрезентативна пауза, се судрил со директорот Паратичи. Проблемот е што Јувентус има премногу играчи, односно Паратичи не успеал да се ослободи од тројца или четворица играчи како Матуиди, Џан, Манџукиќ, што прави незадовослтво во соблекувалната.

Џан е исфрлен од списокот за играчи во Лигата на Шампионите, од подготовките за репрезентацијата порачал дека е измамен, но подоцна ја спуштил топката и се извини, кога се потсетил дека клубот бил со него сето време кога ја оперирал штитната жлезда.

Сари му рекол на Паратичи дека ја ослабел екипата, поточно соблекувалниот дух, има на располагање 28 играчи, најмалку тројца се пребројни, ако не сметаме на повредените Киелини, Перина и Пјаца, и тоа ќе создаде проблем за Сари.

Тој смета дека незадоволните играчи го нарушуваат духот на тимот и му соопштил на Паратичи дека ова сигурно ќе се одрази на екипата. Јувентус мора уште во јануари да го продаде Манџукиќ кој одбил неколку понуди, но веројатно и Џан за кого нема место во екипата.

Медиумите кои не се наклонети на Јувентус, поточно „Corriere dello Sport“ пишуваат дека ова не е стилот на Јувентус, дека секогаш валканите алишта си одат надвор, играчите јавно се бунат и дека повисоките ешалони во клубот се загрижени поради развојот на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…