Дома Фудбал Останато Нема повеќе ротација, Тите избра стандарден капитен на Бразил

Нема повеќе ротација, Тите избра стандарден капитен на Бразил

Конечно познат стандардниот капитен на „Кариоките“.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Тите денес го именуваше фудбалерот на Пари Сен Жермен за капитен на националната селекција.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тите така ја прекина политиката со ротација на капитенската лента според која на последниот Мундијал капитени на Бразил беа Тиаго Силва, Миранда и Марсело.

Оваа одлука Тите ја донесе пред пријателскиот натпревар на Бразил против селекцијата на САД.

По донесувањето на ваквата одлука се огласи и самиот фудбалер.

„Ја прифатив капитенската лента бидејќи многу научив и ќе научам уште повеќе. Оваа одговорнсот е добра работа за мене“, изјави Нејмар.

Ќе потсетиме Бразил на Светското првенство во Русија беше елиминиран во четвртфиналето од Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…