Дома Фото Некоја чудна математика: Валверде заврши пред Клоп

Некоја чудна математика: Валверде заврши пред Клоп

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е избран за најдобар тренер во 2019 година во изборот на еден светски познат портал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според статистиката на Clubworldranking.com, тренерот на Барселона имаше 16.115 поени, а потоа следуваше Јирген Клоп со 14.434 поени.

Математиката е тешка да се објасни, бидејќи Ливерпул минатата сезона освои 97 бода во Премиер лигата, 10 повеќе од Барселона, која сепак беше шампион во Ла Лига, а оваа сезона Црвените имаат освоено 49 од можните 51 бода, додека составот на Валверде освои само 36 бода.

Трет на списокот е Марсело Гаљардо од Ривер Плата со 12.783 поени, а потоа следуваат Маурицио Сари, Пеп Гвардиола, Густаво Алфаро, Диего Симеоне…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Седум фудбалери на Реал Мадрид го пропуштаат „Ел Класико“

Нешто не чини во Реал Мадрид, тоа е јасно на сите по тепачката меѓу Валверде и Чуамени, а …