Кога во 2008 година за 17.4 милиони евра од Спартак Москва пристигна во Тотенхем, Роман Павличенко беше еден од најскапите играчи на Спарсите.
Павличенко кариерата ја започна во Динамо од Ставропол, после што играше за Ротор од Волгоград и Спартак Москва каде што помина пет години и запиша 141 настап и постигна 69 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа премина во Тотенхем каде што играше со сегашниот играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Кариерата на Модриќ тргна во нагорна линија – го облече дресот на „кралевите“ и освои бројни трофеи, па дури и „Златната топка“, но кариерата на Павличенко тргна во друга насока.
Во Тотенхем помина четири години, а потоа се врати во Русија каде што играше за Локомотив Москва, Кубањ, Краснодар, Урал и Арарат.
Русинот минатото лето пристигна во екипата на Знајмја од Ногинск. Неговиот потпис минатото лето со клубот од областа на Москва е интересен затоа што тој се договори да игра само во домашните натпревари.
Сега дебитираше за овој клуб иако не постигна гол ги воодушеви навивачите на трибините со својата појава. Павличенко за репрезентацијата на Русија одигра 51 натпревари и постигна 21 гол. Најголемиот репрезентативен успех му беше четвртото место на Европското првенство во 2008 година.
Roman Pavlyuchenko, ex Tottenham striker, played his first game for Znamya this season
May 18. Moscow Oblast league group A
Znamya Noginsk 0-0 Peresvet DomodedovoNo goals, but @SuperPav1981 is back! pic.twitter.com/aMqT4BrINJ
— Russian Non-League Football (@RUSNLF) May 19, 2019