Дома Фудбал Франција Незадоволството веќе не се крие: Само Меси не ги поздрави навивачите на ПСЖ 🎥

Незадоволството веќе не се крие: Само Меси не ги поздрави навивачите на ПСЖ 🎥

Во француската Лига 1 тимот на Рен вчера приреди изненадување откако го совлада Пари Сен Жермен со 0:2 и тоа беше првиот пораз за „светците“ во последните 36 натпревари.

Се погласно се зборува дека Лионел Меси не е среќен во Париз, а и навивачите на ПСЖ се разочарани од него. Поради елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите, се најавуваше дека ќе добие свирежи токму на оваа средба со Рен.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пред почетокот на натпреварот додека спикерот на натпреварот ги читаше составите, аплауз добија сите фудбалери на ПСЖ, освен Аргентинецот.

На Меси му се замерува и за потегот кој го направи по натпреварот. Имено, додека останатите играчи на ПСЖ останаа да се поздрават со фановите, Меси беше единствениот кој предвреме си замина во соблекувалната.

По ваквите случувања, фудбалската јавност се помалку верува дека тој ќе остане во Париз и наредната сезона. Неговиот актуелен договор истекува по завршувањето на актуелната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…