
Луис Енрике и раководството на ПСЖ наводно донеле одлука да 11 играчи ќе го напуштат овој клуб по срамниот пораз од 3:0 во финалето на Светското клупско првенство против Челси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според тврдењата на францускиот Ле Парисиен, Луис Енрике се откажал од услугите на Милан Шкриниар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муан.
Сите тие минатата сезона беа на позајмица, а никој не се докажа доволно за да биде дел од екипата на Париз Сен-Жермен оваа сезона.
Освен тоа, Габриел Москардо, Лукас Енандез, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонсало Рамос се играчи на кои им е кажано да бараат нови клубови доколку сакаат да играат следната сезона.
На крајот, тука е и голманот Џанлуиџи Донарума кој исто така ова лето би можел да го напушти Париз Сен-Жермен.
Фотографија: Принтскрин