Дома Фудбал Останато Неговата лузна открива зошто е повеќе популарен од Меси!

Неговата лузна открива зошто е повеќе популарен од Меси!

За Аргентинците кога се зборува за најдобриот фудбалер постојат само две имиња, Диего Марадона и Лионел Меси, но кога би ги прашале кого најмногу го ценат, меѓу најомилените е секако Карлос Тевез.

Животот на 32-годишниот фудбалер на Бока Јуниор се поклопува со старата латинска изрека „Преку трње, до ѕведа“, па разбирливо е зошто Тевез е популарен кај „обичните“ навивачи, кои се идентификуваат со него. Приказната на Тевез по малку потсетува и на бајка.

Роден е во најопасниот крај во Јужна Америка, а веројатно и во целиот свет, озогласениот Фуерте Апаче, во предградието на Буенос Аирес. Порасна опкружен со криминал, дрога и сиромаштија. Тевез е класичен фудбалер од улица и во животот за се мораше сам да се избори.

Фуерте Апаче денес е полн со графити и натписи посветени на нивниот јунак. „Карлос Тевез – играч од народот“. Тоа е во спротивност со најдобриот фудбалер на Аргнетина Лионел Меси, кого многумина во татковината не го сакаат.

Интересно, Тевез не е само попуарен кај машката популација. Анкетата спроведена меѓу аргентинските жени покажа дека дури 80% од нив го смета Тевез најдобар фудбалер.

Убавината во овој случај не е мерило. Лузната која ја има од десното уво па се до градниот кош, не е печат за неговото лице. Како 10-месечно бебе доживеал голема траума и бил полиен со врела вода. Естетските интервенции категорично ги обива.

„Тоа беше нешто кое ми го одбележа целиот живот. Никогаш не сакав да одам кај пластичен хирург. Што се однесува до мене, или ќе им се допаднам на луѓето ваков каков што сум, или нема. Само знам дека никогаш нема да се променам поради некого“, изјави Тевез во една прилика.

Во детството и раната младост добро научил што значи тоа глад. Денес заработува милиони, благодарение на одличните игри во Бока Јуниорс, бразилски Коринтианс, премиерлигашите – Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Сити.

„Роден сум за фудбал. Доколку не успеев, не знам што ќе правев со животот. Сигурно ќе се занимавав со криминал и дрога“, откри Тевез.

Иако во кариерата освои голем број трофеи, сепак еден му недостасува. Еден, кој сеуште го сонува.

„Секоја ноќ сонувам дека сум станал светски шампион“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивач втрча на теренот и го налути Роналдо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус остварија победа во рамките од 6. коло од групната фаза во Лигата …