Дома Фудбал Англија Невил: Арнолд е како Џерард, Бекам и Де Брујн во едно

Невил: Арнолд е како Џерард, Бекам и Де Брујн во едно

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд доби по малку и неверојатни пофалби, некои би кажеле и неочекувани.

Гери Невил истакна дека не видел таков играч претходно.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Александер-Арнолд е апсолутен феномен кога ќе се погледне неговиот пас и неговата испорака на топките. До сега не сум видел таков играч. Тој е како Бекам, Де Брујн и Џерард, а сите тие се офанзивни играчи. Игра на десе бек. Мислам дека така најдобро можам да го опишам“.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го пофали и Енди Робертсон за кој истакна дека заедно со Арнолд го прават најдобриот бековски тандем во историјата на Премиер лигата.

„За нив зборувајте во ист дух како вероајтно и најдобрите бекови кои сум ги видел, Роберто Карлос и Кафу. Тие беа посебни, но овие двајца…Мислам дека не сум видел претходно таков бековски пар во Премиер лигата“, порача поранешниот дефанзивец.

Арнолд има само 23 години и е на вистински пат да стане легенда на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бојан Миовски доби место помеѓу најдобрите во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе го остави еден од највпечатливите викенди отка…