Дома Фудбал Останато Неверојатно: Ѕвездата на Штутгарт не постои, откри дека е друг човек

Неверојатно: Ѕвездата на Штутгарт не постои, откри дека е друг човек

Напаѓачот на Штутгарт, Силас Вамангитука, кој сезонава беше прв стрелец на тимот, всушност не постои.

Имено, тој не се вика така и не е роден во 1999 година, како што се води според документите. Клубот денеска излезе со соопштение и полна поддршка до својот играч, а за проблемите со идентитетот обвинија поранешниот агент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вистинското име на фудбалерот е Силас Катомпа Мвумба и е роден во Киншаса (Конго) во 1998, една година порано од тоа што му пишува во официјалните документи.

Кога имал 17 години, ја напуштил татковината и дошол на проба во академијата на Андерлехт. Кога му било побарано да се врати во неговата татковина за да извади нова виза, на сцена стапил тогашниот агент кој го убедил дека ако го направи тоа, нема да биде пуштен да влезе на европска територија.

Агентот му обезбедил лажен идентитет, а потоа имал целосна контрола врз банкарската сметка и пасошот на младиот фудбалер.

„Ова е тежок чекор за мене, ја откривам мојата вистинска приказна. Живеев во страв бидејќи имам семејство во Конго. Му благодарам на Штутгарт за довербата и поддршката“, откри фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…