Аргентина пред крајот на годината го освои Светското првенство во Катар. Од пред почетокот на Мундијалот се споменуваше Аргентина како еден од фаворитите, но турнирот го започнаа со шокантен пораз од Саудиска Арабија.
Сепак и покрај поразот од аутсајдерот, Диего Симеоне верувал во успех на Меси и друштвото, па дури и вложил неверојатни два милиони евра. Досега на јавноста ова не и беше познато, но сега го откри самиот Симеоне.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По поразот од Саудиска Арабија на првиот натпревар, се обложив со два милиони евра дека ќе ја освоивме светската титула. Воопшто не се сомневав, знаев дека најдобриот фудбалер во историјата нема да пофрли кога најмногу и треба на својата земја“, изјави Симеоне.
Меѓутоа, аргентинскиот стратег не откри колкав бил коефициентот во тој момент на освојување на титулата на Аргентинците и колку заработил. Финалето на стадионот „Лусаил“ во Доха Симеоне го гледаше во живо.