На натпреварот во Купот на Франција помеѓу ПСЖ и Стразбур, најголемата ѕвезда на Парижаните, Нејмар доживеа повреда на стопалото. Нејмар доби прва помош, а потоа со солзи го напушти теренот.
Бразилецот така повторно е надвор од терените тогаш кога е најпотребен на тимот и навивачите на ПСЖ се огорчени поради тоа. Социјалните мрежи се полни со цинични коментари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Тој како да е од хартија“
„Бразилецот од стакло“
„Можеби тоа е порака дека сака да си оди“
„Најглупата инвестиција“
За само 16 месеци, што значи од септември 2017. година, кога официјално започна да игра за ПСЖ, Нејмар дури 12 пати излегуваше од игра поради повреда. Речиси еднаш месечно. Вкуно отуствуваше 158 дена од 480 колку што е во клубот. Што значи, секој трет ден е на боледување.
