Дома Фудбал Англија Неверојатни бројки: Гвардиола од можни 1104 бодови за десет сезони освоил 904 и осум титули!

Неверојатни бројки: Гвардиола од можни 1104 бодови за десет сезони освоил 904 и осум титули!

Пеп Гвардиола пред 11 години дебитираше како тренер на клупата на Барселона и веднаш покажа дека се работи за одличен стратег.

Во својата прва сезона со каталонскиот клуб Гвардиола ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. Престојот во Барселона за него сигурно е најубавиот дел од кариерата бидејќи освои огромен број титули, но во 2012 година одлучи дека е време да се раздели од Каталонците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола за нов предизвик го избра Баерн каде што помина три сезони и три години ја освојуваше титулата во првенството. После Баерн седна на клупата на Манчестер Сити со кој започна да доминира во англиската Премиер лига.

Шпанскиот стратег на клупата на овој клуб во три сезони успеа да освои две титули шампион на Англија. Во досегашната кариера со клубовите кои ги водеше Пеп освои дури осум лигашки титули и само во две сезони не беше прв.

Тоа се случи во последната сезона во Барселона кога заврши како второпласиран и во неговата прва сезона во Манчестер Сити кога „граѓаните“ завршија како трети.

Многумина за Гвардиола ќе кажат дека е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалската игра, а статистиката оди во прилог на тоа. Покрај освоените трофеи Пеп на клупите на Барселона, Баерн и Манчестер Сити за десет сезони освоил 904 бодови од можни 1104 бодови и осум титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …