Дома Останати Кошарка НБА: Дербито за Бостон, Ембид ги уништи Клиперси, Денвер победи и „без“ Јокиќ (ВИДЕО)

НБА: Дербито за Бостон, Ембид ги уништи Клиперси, Денвер победи и „без“ Јокиќ (ВИДЕО)

boston

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Денвер продолжи со победите, нова жртва беше тимот на Кливленд (91:110). Наџентси овој пат беа предводени од Хуанчо Ернангомез кој уфрли 23 поени. Денвер се мачеше во првото полувреме, но потоа успеаа да направат серија од 13:0.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Никола Јокиќ го одигра најслабиот натпревар во сезоната со само 4 поени, 6 скокови, 3 асистенци и 1 блокада. Играше дваесетина минути, погоди два шута од пет обиди.Филаделфија на свој терен славеше победа против ЛА Клиперси со 122:113

Џоел Ембид немаше милост кон Клиперси стигна до учинок од 41 поен, 13 скокови и четири блокади. Сикерси имаа голема предност, гостите успеаа да намалат, но потоа следуваше нов „бран“ на добра игра на домаќините. Резервистите на гостите уфрлија 58 поени и статистички гледано тие се тимот кои имаат најголема поддршка од резервистите.

https://youtu.be/qzLjOuaUEf8

Дербито на истокот му припадна на Бостон, Кајри Ирвинг ја подигна формата, уфрли 28 поени и придонесе за првиот пораз во сезоната на Милвоки. На другата страна Адетокумбо имаше 33 поени, 11 скокови. Милвоки практично беа поразени со нивното најсилно оружје – тројките. Бостоно постави клупски рекорд од 24 погодени обиди за три поени.

https://youtu.be/yV_4_lBGns0

НБА резултати

Портланд – Њу Орлеанс 132:119

Бостон – Милвоки 117:113

Атланта – Сакраменто 115:146

Шарлот – Оклахома 107:111

Филаделфија – ЛА Клиперси 122:113

Кливленд – Денвер 91:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…