Дома Фудбал Англија На Јунајтед не му оди ама за тимовите од „големата шестка“ сезонава е непобедлив

На Јунајтед не му оди ама за тимовите од „големата шестка“ сезонава е непобедлив

Mанчестер Јунајтед вчера го победи Тотенхем во дербито во Премиер лигата (2:1).

Јунајтед се мачи и оваа сезона, а после вчерашната победа „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 7. позиција на табелата што секако е далеку послабо од очекувањата пред почетокот на сезоната.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа ако нешто добро треба да се издвои кај Јунајтед тоа се резултатите против тимовите од „големата шестка“.

Избраниците на Солскјер имаат учинок од три победи и две нерешни во натпреварите со Челзи (два пати), Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Против Челзи Јунајтед има две победи од 4:0 и 2:1, вчера го победија Тотенхем, а против Арсенал и Ливерпул одиграа 1:1.

Дефинитивно ако фудбалерите на Јунајтед констатно играа како во дерби натпревите сега нема да се наоѓаа на споменатата седма позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите шпански клубови може да добие нови сопственици!

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид можеби ќе има нови сопственици, според наводите о…