Дома Фудбал На три дена пред почетокот на сезоната, падна првиот отказ во Премиер лигата

На три дена пред почетокот на сезоната, падна првиот отказ во Премиер лигата

На три дена пред почетокот на новата сезона, тимот на Вулверхемптон го смени менаџерот Хулиен Лопетеги.

Отказот е изненадувачки затоа што доаѓа пред самиот почеток на сезоната, но раководството информира дека причина за спогодбениот раскин биле различните мислења на двете страни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нов тренер на Вулвс се очекува да биде Гери O’Нил кој во минатата сезона го предводеше тимот на Борнмут.

На клупата на Вулвс, Лопетеги седна пред девет месеци и успеа да го спаси тимот од испаѓање во понизок ранг.

Вулвс сезоната ја започнуваат со натпреварот на домашен терен против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…