Цеск Фабрегас ја прифатил понудата од италијанскиот фудбалски клуб Милан и се чека само дозвола од Челзи за трансферот да се реализира па шпанскиот интернационалец од следната сезона да игра во „црвено-црниот“ дрес.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Фабрегас добил понуда од калчолигашот која изнесува 4,5 милиони евра плус бонуси.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
За Фабрегас наводно е заинтересиран и Атлетико Мадрид, но засега од „Винсенте Калдерон“ нема пристигнато понуда за Шпанецот.
Како обештетување Челзи бара 25 милиони евра, а оваа сума за Милан кој доби нови сопственици од Кина, во моментов не претставува проблем.
Кинезите најавија големи засилувања за клубот од Милано. Еден од нив може да биде и Фабрегас доколку со Челзи се најде заеднички јазик околу сумата за негов предвремен раскин на договорот.