Meнаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино имаше само пофални зборови за Жозе Мурињо.
Неодамна Мурињо зборуваше за потенцијалните кандидати за титулата во Англија и помеѓу фаворитите го смести и Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фаворити за титулата? Сити, Сити Б, Ливерпул и Тотенхем“, изјави Жозе во свој стил и тие зборови му беа пренесени на менаџерот на Спарси:
„Вау! Го сакам Жозе, го знаете тоа добро. Тој е паметен и понекогаш саркастичен. Затоа и е еден од најдобрите менаџери во светот и го почитувам неговото мислење. Секако дека сум благодарен затоа што менаџер како него верува дека имаме потенцијал да бидеме кандидати за титулата и тоа е навистина важно“, изјави Покетино и додаде:
„Имаме самодоверба и своја верба, но тој компплимент ни помага уште повеќе да веруваме во себе“, заврши Мурињо.
Тотенхем во првото коло ја совлада Астон Вила со 3:1, а во второто гостува кај шампионот Манчестер Сити.