Дома Фудбал Англија На Островот се најавува пресврт: Лампард пред враќање во Челзи!

На Островот се најавува пресврт: Лампард пред враќање во Челзи!

Грем Потер за викендот и официјално доби отказ во Челзи, а американскиот газда Тод Боели е во потрага по негов наследник.

Се споменуваа Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, меѓутоа според последните информации од Островот дошло до голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ и нов стратег на „сините“ би можел да биде Френк Лампард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За клупската легенда на „сините“ тоа би било камбек во клубот. „Дејли Мејл“ тврди дека Лампард не е само опција, туку и најсериозен кандидат во овој момент.

Информациите се дека тој постигнал вербален договор до крајот на сезона, а потоа во зависност од неговата работа би се одлучувало дали ќе остане.

Лампард веќе еднаш го водеше Челзи и тоа во тежок период кога клубот имаше забрана за трансфери, а отказ доби во јануари 2021 година. Останува да се види дали сега ќе добие нова шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Пукна љубовта“ со Ал Итихад: Бензема се враќа во Европа?

Карим Бензема (38) е подготвен да го напушти Ал Итихад на крајот на сезоната како слободен…