Дома Фудбал Англија На Ливерпул му се потребни уште 13 гласа за титулата во ПЛ

На Ливерпул му се потребни уште 13 гласа за титулата во ПЛ

Екипата на Ливерпул пред прекинот на сезоната поради коронавирусот беше убедлива на табелата во англиската ПЛ.

На Црвените и беа потребни две победи до крајот на сезоната за да го осигураат насловот после 30 години, но лесно може да се случи тимот од Енфилд да остане без толку посакуваната титула.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалот во Англија е прекинат до 4. април, а челнивите во ПЛ во четвртокот ќе имаат состанок и ќе разговараат за следните чекори.

Судбината на Ливерпул би можела да зависи од останатите 19 екипи од ПЛ. Организаторите веројатно ќе се консултираат со тимовите да дојдат до решение како да ја завршат сезоната ако таа не може да продолжи во нормални услови.

Една опција би била првенството да се заврши според моменталната табела. Тоа е одлука за која Ливерпул сигурно би гласал, но за да се изгласа требаат вкупно 14 гласови.

Четиринаесет од дваесет тимови во ПЛ мора да гласаат ЗА, за ПЛ да ја прифати одлуката првенството да се заврши според моменталната состојба на табелата, но тешко е да се верува дека поголем дел од тимовите ќе се согласат на тоа.

Сигурно дека ниту еден тим не сака да испадне во понизок ранг и оние кои се во опасната зона ќе гласаат против таа одлука, како и екипите кои се борат за пласман во ЛШ и ЛЕ.

Втора опција е играње плеј-оф за шампион и опстанок, како и за пласман во Европа, па таа опција за многумина е интересна.

Сепак, сите се надеваме дека сезона во Англија ќе продолжи во април и дека наскоро се ќе биде во најдобар ред кога во прашање е пандемијата со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Погледнете го голот на Атлетико во 95 минута и ерупција на Метрополитано

Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на …