Денес во Сочи беше одржана трката за Големата награда на Русија, а победата ја однесе Луис Хамилтон.
Хамилтон дојде до триумф на патеката во Русија, но возачот на денот е Макс Верстапен кој од 19-тата позицуја успеа да стигне до шестата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На втората позиција заврши Ботас кој можеше да слави пред Хамилтон, но пред крајот на трката му беше наредено да му го препушти местото на Хамилтон.
Третото место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а во првите десет завршија уште Кими Раиконене, Верстапен, Даниел Рикардо, Леклер, Магнусен, Окон и Перез.
Вкупниот поредок сега изгледа вака: Хамилтон 306, Фетел 256, Ботас 189, Раиконене 186, Верстапен, 158, Рикардо 134, Хулкенберг 53, Алонсо 50, Магнусен 49, Перез 46, Окон 45, Сајнц 38, Гесли 28, Грожан 27…