Дома Фудбал На Апенините ги исмејуваат Французите: Кој е Варан!?

На Апенините ги исмејуваат Французите: Кој е Варан!?

На Апенините низ иронија ги проследија вестите од Париз.

После веста дека Кристиано Роналдо не е помеѓу тројцата фудбалери кои ќе конкурираат за „Златната топка“ во Италија се крена голема прашина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Медиумот кој важи за наклонет кон Јувентус „Тутоспорт“ на насловната страна постави прашање „Кој е Варан“, додека „Кориере дело Спорт“ констатира дека ова е голем удар за Роналдо.

„Л’Eкип“ со видео откри или подобро кажано најави дека во конкуренција за најпрестижното признание остануваат Мбапе, Модриќ и Варан. На ова може да се дополни и информациите која денес се појави во Италија, а тоа дека Роналдо нема да се појави на доделувањето на „Златна топк“ во Париз.

Се најавува дека ова ќе биде годината во која ќе биде прекината доминацијата на Роналдо и Меси и после 10 години „Златната топка“ ќе заврши кај некој трет фудбалер.

Јасно е дека на Апенините навиваат за Роналдо бидејќи премина во Јувентус. Можеби „Златната топка“ и не ја заслужи, но да го нема помеѓу првите тројца тоа е навистина дискутабилно со оглед дека е актуелен освојувач во Лигата на шампионите каде што беше и најдобар стрелец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола најде засилување од Интер, вака ќе изгледа моќната „машинерија“ на Сити од следната сезона (Фото)

Манчестер Сити ќе се обиде следната сезона да се врати на голема сцена, а Пеп Гвардиола со…