Дома Останати Кошарка Најдобрите 100 играчи во историјата на НБА – Џордан на врвот, зад него „кралот“, Кармело Ентони на дното…

Најдобрите 100 играчи во историјата на НБА – Џордан на врвот, зад него „кралот“, Кармело Ентони на дното…

„Слем магазин“ едно од најпознатите спортски списанија објави листа на најдобрите 100 кошаркари во историјата на НБА лигата.

На првото место се наоѓа легендарниот Мајкл Џордан, а зад него следи „кралот“ Леброн Џејмс. На третата позиција се наоѓа Ирвин Меџик Џонсон, па неговиот соиграч Карим Абдул Џабар, а првата петорка се затвара со „црната мамба“, Коби Брајант.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првите десет ги комплетираат Шекил О’Нил, Бил Расел, Вит Чемберлен, Тим Данкан и Лери Бирд.

При ваквите листи секогаш може да се дискутира и скоро секој си има свое мислење. Пример, овој магазин го стави Кевин Дуран на 13 место и тоа пред Џери Вест и „докторот“ Џулиус Ирвинг. Исто така, Стеф Кари се наоѓа на 19 позиција пред Двејн Вјед, Але Ајверсон, Кевин Гарнет, Дирк Новицки…

Кога ќе се погледне на дното, се забележува местото на Кармело Ентони – еден од најдобрите поентари во историјата на лигата се наоѓа на 95 место, додека еден од најталентираните играчи во историјата Пени Хардвеј се наоѓа на 92 позиција.

Расел Вестбрук се наоѓа 37 позиција, а Џејмс Харден на 60…Во продолжение погледнете ја целосната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Лука Дончиќ се истакна пред спектаклот во Белградската Арена (четврток, 20 часот). Капитен…