Со најголем број на пријавени учесници од 4 до 8 септември во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender.
110 учесници се дополнително признание за организаторот Пинг понгарската федерација на Македонија затоа што се работи за т.н. „Star“ натпревар, односно пријавувањето се врши според светкото рангирање и токму тоа ќе ги донесе најдобрите светски пинг понгари во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од сите досегашни натпревари во тековната година во рамки на оваа категорија скопскиот натпревар е со најголем број на пријавени.
Ве очекуваме во с.ц. Јане Сандански, Скопје, од 4 до 8 септември.