Дома Македонски спорт Најдобриот црногорски судија ќе ни суди утре во Струмица

Најдобриот црногорски судија ќе ни суди утре во Струмица

Веројатно најдобриот црногорски судија во овој моемнт, Никола Дабановиќ ќе и суди на Македонија на пријателскиот натпревар против Ерменија во Струмица.

Македонија утре ќе игра против Ерменија пријателски натпревар на стадионот „Благој Истатов“ со почеток од 15:00 часот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дабановиќ е судија кој редовно дели правда на европски натпревари, а последен ваков предизвик му беше натпреварот помеѓу Штурм и Спортинг Лисабон во рамките од Лигата Европа минатиот месец.

Во квалификациите за Европското првенство судеше на средбата помеѓу Норвешка и Грузија. Помошници на Дабановиќ ќе му бидат сонародниците, Срѓан Јовановиќ и Владан Тодоровиќ.

Ќе потсетиме, Македонија е слободна во ова коло од евроквалификациите, па затоа го користиме терминот за одигрување контролен натпревар пред средбите со Италија и Англија во последните две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…