Aктуелниот шампион Денвер поведе со 3:2 во полуфиналето од Западната конференција откако со 112:97 триумфираше изминатата вечер против Минесота.
Благодарение на фантастичниот Никола Јокиќ кој одигра уште еден маестрален натпревар со 40 поени, 13 асистенциии, седум скока и без ниту една загубена топка, Денвер сега има водство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во игра гостите беа се до почетокот на третата четвртина каде што дојдоа и до минимална предност, меѓутоа потоа Денвер го крена нивото на игра и поведе со 13 разлика (76:63), а во последниот квартал разликата констатно беше двоцифрена.
Далеку зад Јокиќ беше Гордон со 10 поени и 10 скока, Мареј уфрли 16. На спротивната страна Таунс додаде 23, Едвардс застана на 18.
Со истиот резултат 3:2 во серијата води и Њујорк кој ја победи Индијана со 121:91. Тука блескаше Џејлен Брансон кој постигна 44 поени. Сиакам запиша 22 поени за Индијана.