Почнаа заминувањата од ФК Борец и тоа со најдобриот играч на овој тим.
Хрватскиот интернационалец, Никола Прелчец потпиша за Работнички објави клубот од Дебар Маало на својот официјален сајт. Прелчец потпиша договор на 18 месеци и ќе ја засили конуренцијата во нападот на тимот предводен од Александар Влахо.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во есенскиот дел од сезоната Прелчец постигна пет гола за Борец. За Работнички тој е седмо засилување во овој преоден рок.