Дома Фудбал Англија Најголемиот натпревар во Англија низ бројки: Лукаку на гол од историја, Клоп не му е омилен на Мурињо…

Најголемиот натпревар во Англија низ бројки: Лукаку на гол од историја, Клоп не му е омилен на Мурињо…

man united liverpool

Сигурно најинтересниот натпревар за викендот се игра на „Олд Трафорд“.

Големото дерби на Премиер лигата и најголемиот натпревар на англискиот гуфбал ќе биде 170 дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. „Ѓаволите“ имаат предност славеа на 67 натпревари, Ливерпул на 55, 47 натпревари завршија со реми.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во Англија не постои тим против кој Ливерпул изгубил повеќе натпревари. Иако два од трите последни натпревари завршија без голови.

Имено, изгубија 10 од последните 13 натпревари на „Театарот на соништата“, минатата година останаа непоразени, а предходно победија само во 2009 и 2013. Сепак, вкупно иаат пет победи во Премиер лигата во Манчестер против Јунајтед, едниствно Сити и Члези имаа повеќе, шест.

Овој натпревар секогаш е преполн со тензии. Во натпреварите помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во минатото сме виделе 16 исклучувања.

Ливерпул оваа сезона е најефикасна екипа заедно со Лион во топ 5 лигите, постигнаа 34 погодоци. Сепак, против тимовите од топ 6 Ливерпул од можни девет освои само еден бод и при тоа прими 12 погодоци.

Лукаку доколку постигна гол ќе влезе во клубот 100 стрелци во Премиер лигата како пети најмлад во историјата на лигата.

Мурињо во кариерата има најмал процент на победи против Јирген Клоп, Португалецот доби само 12.5% од натпреварот со Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …