Дома Останати Тенис Најголемата казна во историјата на тенисот: Го исфрлија доживотно и мора да плати огромна парична казна

Најголемата казна во историјата на тенисот: Го исфрлија доживотно и мора да плати огромна парична казна

Бразилскиот тенисер Диего Матос (31) заработи доживотна суспензиај во професионалниот тенис поради местење натпревари.

Докажано е дека Матос манипулирал со 10 натпревари во 2018 година од кои финансиски профитирал. Тоа биле натпревари од ИТФ турнирите во Бразил, Шри Ланка, Еквадор, Португалија и Шпанија.

Матос исто така е должен да врати 12.000 американски долари од наградниот фонд освоен на турнирот во Еквадор и да плати 125.000 долари казна.

Бразилскиот тенисер одби да соработува со истражителите и не им дозволи да извршат форензички увид на неговиот мобилен телефон, како и да им овозможи да му го проверат неговото финансиско работење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

УС Опен ја казни Сабаленка за беснеењето во финалето

Белорусиската тенисерка Арина Сабаленка доби казна од 7.500 долари поради недолично однесу…