Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Уругвај – првиот светски шампион со мали шанси да биде и последен!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Уругвај – првиот светски шампион со мали шанси да биде и последен!

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Денес продолжуваме со репрезентациите од групата „А“, па на ред е Уругвај.

УРУГВАЈ

Уругвај е репрезентација која прва го крена највредниот трофеј. Како домаќин на првото Светско првенство во 1930 година, Уругвај во финалето ја победи Аргентина со 4:2 и стана првиот светски шампион.

Јужноамериканските „сонца“ се двократен светски шампион, а втората титула освоена во 1950 година е веројатно и послатка бидејќи беше освоена на легендарната „Маракана“ во Бразил и тоа со победа од 2:1 токму над „кариоките“ во финалето.

Уригвај е редовен учесник на Светските првенства, па и овој пат без поголеми проблеми обезбеди пласман во Русија. Суарез и дружината квалификациите ги завршија на второто место во групата.

Шансите Уругвај да го подигне пехарот по трет пат се мали, односно според букмејкерите важат за 11-ти фаворит на Мундијалот со квота за победник 41.00.

Но затоа имаат група по мерка во која се фаворити и имаат изгледни шанси да се пласираат во следната фаза. Уругвај е во групата А заедно со Русија, Саудиска Арабија и Египет.

Првиот натпревар, Уругвај го игра против Египет на 15-ти јуни во Екатеринбург, со почеток од 14 часот. Потоа следува мечот со Саудиска Арабија на 20-ти јуни и на крајот веројатни најважниот натпревар против Русија на 25-ти јуни.

Селекторот на уругвајста репрезентација се уште не го објавил преелиминарниот список на патници на Мундијалот. Меѓутоа според тоа како играа во квалификациите може да се претпостави како ќе изгледа списокот, кој секако ќе биде предводен од големите ѕвезди Суарез и Кавани, како и од капитенот Диего Годин.

Голмани: Фернандо Муслера, Мартин Силва, Мартин Кампана

Дефанзици: Диего Годин, Себастиан Коатес, Хосе Гименез, Макси Переира, Гастон Силва, Мартин Касерес, Гилермо Варела.

Среден ред: Лукас Тореира, Наитан Нандез, Матијас Весино, Федерико Валверде, Родриго Бентанкур, Карлос Санчез, Диего Лаксалт, Гиоргиан де Араскета, Кристиан Родригез, Николас Лодеиро, Гастон Рамирез, Џонатан Уретавискаја.

Напад: Луис Суарез, Едисон Кавани, Максимилиано Гомез и Кристиан Стуани.

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите од групната фаза. Па така во првиот натпревар Уругвај е фавирит против Египет и коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1,76 за реми 3.40 додека за победа на „фараоните“ изнесува 5.20.

Во вториот меч Уругвај е изразит фаворит над Саудиска Арабија, па коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 1.25 за реми 5.50 додека за пораз коефициентот е 14.40.

Натпреварот против Русија се очекува да биде израмнет, па така според Coinbet24 коефициентот за победа на Уригвај изнесува 2.50, за реми 3.05 додека за победа на домаќините коефициентот е 3.05

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…