Дома Фудбал Лига на шампиони НАЈАВА И АНАЛИЗА: Дојде денот за големото финале – кој ќе го памети Киев по добро?

НАЈАВА И АНАЛИЗА: Дојде денот за големото финале – кој ќе го памети Киев по добро?

final

Вечерва на програмата е големото финале во Лигата на шампионите кое се игра во Киев, а актери ќе бидат фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул! 

Во финалињата не може да има фаворит и двете страни веруваат дека на крајот ќе го подигнат пехарот со „уши“. Специјализираниот сајт за спортско обложување „Кладење.мк“ направи анализа пред вечерашниот натпревар, па ајде да видиме кој има некаква предност.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ФОРМАЦИЈА 4-3-1-2

Формацијата на Зидан може да биде контра удар за него во финалето на Лигата на Шампиони. Тешко дека со таква тесна формација Реал ќе може да ги запре брзите крила на Ливерпул. Можеби Зидан ќе промени нешто, но во тој случај ќе изгуби на офанзива, а затоа се соочува со тешки формациски маки.

Тешко е да се предвиди формацијата на Реал, но генерално гледано Зидан користи двајца напаѓачи. Тоа значи дека веројатно формацијата ќе биде 4-3-1-2. Најголемото прашање во овој систем е тоа што остава големи пропусти на двете страни на надворешните централни играчи од средниот ред. Тоа е проблем поради тоа што напаѓачите на Реал ретко кога помагаат во дефанзивата, а ова особено важи за Роналдо и Бензема кои веројатно ќе стартуваат.

Тоа ќе им даде дополнителен простор на Ендру Робертсон и Александар-Арнолд. И двајцата станаа суштински елементи во напаѓачкиот систем на Клоп, откако Кутињо го напушти клубот. Одличните тркачки особини на овие двајца играчи ќе ја рашират играта на Ливерпул во сите правци, бидејќи Реал ќе биде ослабен токму на крилните позиции. Пред се ако се знае дека бековите на Реал ќе имаат тешка задача и со Салах и Мане.

САЛАХ МОЖЕ ДА ГО НАПАДНЕ ПРОСТОРОТ ЗАД МАРСЕЛО

Главното оружје на Ливерпул, се разбира е нивниот брз напад. Јирген Клоп ќе се надева дека ќе постигне гол во Киев со тоа што ќе ја освои топката на средината на теренот и со брзо префрлање на тежината на игра ќе се најде пред голот на Реал. Фирмино, Мане и Салах ќе се обидат да ги изолираат двата централни бекови што е можно почесто.

Најважниот играч на теренот во дефанзивата за Реал е Марсело. Бразилецот е одличен фудбалер, но тој се очекува многу често да се наоѓа на противничката половина. Особено ако Зинедин Зидан игра во тесна формација 4-3-1-2 (види подолу). Тој, исто така би можел да биде во искушение мноу често да оди понапред во офанзива, пред се поради ранливоста на одбраната на Ливерпул на десната страна. Ливерпул ќе игра во формација 4-3-3, но реално нема десен бек кој што може да го затвори добро својот простор. Сепак, колку тоа е лошо за Клоп, може да биде и добра мамка. Пред се поради тоа што со излагањето на Марсело ќе се отвори голем простор за Салах.

Реал ќе биде среќен единствено ако постигне гол во раната фаза, што би значело дека Марсело сепак ќе внимава многу повеќе на својот гол. Како и да е, во текот на сите 90 минути, главната битка ќе биде помеѓу Салах и Марсело. Голема е веројатноста дека токму тој играчки дуел, ќе го реши прашањето за тоа кој ќе биде европски шампион.

Доколку сакате подетални анализи како и предлог типови од вистински професионалци за вечерашниот, но и за други натпревари „Кладење.мк“ е вистинскиот портал за вас.

Ајде да видиме и што кажуваат коефициентите, кој е фаворит според букмејкерите…

Обложувалницата „Coinbet24“ која е целосно на македонски јазик за победа на Реал дава коефициент од 2.12, додека за „двојка“ коефициентот е нешто поголем и изнесува 3.20, за реми добивате 3.75.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…