Дома Фудбал Барселона ја отвори „вратата“ – само двајца фудбалери не се на продажба

Барселона ја отвори „вратата“ – само двајца фудбалери не се на продажба

Барселона оваа сезона ја освои фудбалската сцена со својата игра, а во тимот предводен од Ханси Флик се истакнаа неколку фудбалери. Сепак, шпанските медиуми посочуваат дека само двајца од нив се „недопирливи“ и нема да бидат достапни за трансфери ова лето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Каталонскиот клуб водеше импресивна сезона во која успеа да ја освои тројната круна во Шпанија, меѓутоа на крајот разочараа во Лигата на шампионите испаѓајќи во полуфиналето.

За Ханси Флик, почетокот во Барселона не можеше да биде поуспешен бидејќи веќе во првата сезона освои речиси се што можеше.

Несомнено е дека очекувањата за следната сезона ќе бидат поголеми, што ќе донесе и дополнителен притисок, па затоа германскиот тренер се надева дека клубот ќе му овозможи нови засилувања.

Сепак, со оглед дека финансиските проблеми на клубот сè уште не се целосно надминати, Барселона ќе биде принудена да продаде некои играчи за да донесе звучни засилувања.

Денеска Каталонскиот Спорт објави дека на списокот на „недопирливи“ се само Ламин Јамал и Педри, кои сезонава се во одлична форма, но многумина се изненадени што на тој список се само тие двајца.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело брутално искрен: Роналдо го интересираа само жени и журки, Касано правеше глупости

Познатиот Фабио Капело во својата богата кариера тренираше многу големи ѕвезди, а со спорт…