Дома Фудбал Реал Мадрид зема уште една важна ѕвезда од Ливерпул

Реал Мадрид зема уште една важна ѕвезда од Ливерпул

Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на долгорочно планирање на одбранбената линија, а најновата мета на „кралскиот клуб“ е францускиот репрезентативец Ибрахима Конате, актуелен член на Ливерпул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според повеќе извори, вклучувајќи го и „Дејли Мејл“, мадридскиот гигант е заинтересиран за можноста да го ангажира Конате како слободен агент во 2026 година, кога истекува неговиот договор со англискиот клуб.

Конате, кој има 25 години, се етаблираше како клучен дефанзивец во тимот на Ливерпул, играјќи рамо до рамо со Вирџил ван Дајк.

Сепак, неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а преговорите за продолжување на соработката засега не донесоа конкретен резултат. Оваа ситуација го отвора патот за Реал Мадрид да го следи неговиот статус и евентуално да го ангажира без отштета по истекот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ го прави потегот на кариерата и сега е јасно каде ќе игра наредната сезона!

Преговорите на Душан Влаховиќ и Јувентус за продолжување на соработката застанаа. Иако се …