Дома Моторспорт Погледнете го страшиот инцидент во кој беше уништен болидот на Цунода (Видео)

Погледнете го страшиот инцидент во кој беше уништен болидот на Цунода (Видео)

На квалификациите за Големата награда на Емилија Ромања во Имола се случи страшна несреќа, при што учествуваше јапонскиот возач Јуки Цунода.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и пет годишниот Јапонец изгуби контрола над својот болид веднаш на почетокот на квалификациите. При првиот обид во Q1, кога влезе во шиканата на кривината 5 и 6, не успеа да ја задржи стабилноста на болидот.

Болидот на Цунода, Red Bull, загуби контролa на песокот и се заврте силно пред да се преврти неколку пати и удри во оградата и бариерите.

Среќни околности беа што Јапонецот веднаш станал и можел да оди по несреќата, но во секој случај бил итно пренесен во медицинскиот центар за понатамошни прегледи.

“Јуки Цунода е префрлен во медицинскиот центар. Во моментот се вршат поправки на светлосната плоча и гумената бариера на местото на инцидентот”, стои во изјавата на FIA.

Инцидентот наметна црвено знаме, при што до крајот на Q1 квалификациите останаа 12 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хаос и лудница во Монако, Леклер се заби во ѕид – Антонели испиша историја!

Деветнаесетгодишниот Кими Антонели стигна до победа на Гран при на Монако во болидот на Ме…