Дома Фудбал Англија НАЈАВА И АНАЛИЗА: Арсенал – Манчестер Сити

НАЈАВА И АНАЛИЗА: Арсенал – Манчестер Сити

Арсенал на Емирати во Лондон е домаќин на Манчестер Сити во рамки на 28-то коло на Премиер Лигата. Ова е втор дуел за само четири дена помеѓу овие две екипи. Во неделата во финалето на Лига Купот, Сити славеше со 3:0 па прашање е дали нешто може да се промени за само неколку дена.

Втор меч помеѓу двете екипи за само неколку дена

Не е шега !!! Сити и Арсенал по само неколку дена ќе одиграат уште еден меѓусебен меч, овој пат во Премиер Лигата. Овој меч доаѓа по само четири дена од финалето на Лига купот, каде Топџиите доживеаа дебакл на Вембли. Арсенал загуби со 3:0 и сега прашањето е што би можело да тргне наопаку за Сити на Емирати во Лондон ???


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имаше толку многу погрешно изведени работи, погрешна тактика, стратегија, погрешно поставена игра од Венгер, па тешко дека тој ќе знае да ги исправи нештата за само неколку дена.

Тимот на Гвардиола пак во нападот беше силен, средниот ред одлично ја држеше и движеше топката, а одбраната немаше тешка задача.

Последните неколку дена беа мрачни за Арсен Венгер, со обновени повици да даде отказ на кормилото на Арсенал. По се изгледа неговото време на северниот дел на Лондон полека изминува. Единствена позитивна работа пред овој меч за Венгер е враќањето во тимот на Михтаријан, но прашање е колку тој може да ги промени работите.

Кој може да го запре Сити ?

Манчестер Сити ужива сезонава. Обезбедена е нивната прва титула сезонава, а шампионскиот трофеј во Премиер Лигата е речиси освоен. Во Лигата на Шампиони Сити има комотна предност од 0:4 против Базел, па јасно е зошто сите уживаат во овој тим. сребрена игра во сезоната. Стрелци на головите во неделата против Арсенал беа три члена на старата гарда: Серхио Агуеро, Винсент Компани и Давид Силва фудбалери кои гледаа гледаа како тимот еволуирала во последните неколку години и се уште се гладни за успех.

Лигата на шампионите сега станува приоритет ( во Премиер Лигата, Сити има прендост од 13 бода ). Но како што рековме, Сити во Швајцарија кај Базел победи со 0:4, а тоа значи дека Гвардиола може да користи целосна сила против Арсенал исто како и против Челзи за време на викендот, знаејќи дека ротацијата ќе дојде против швајцарската екипа.

Рахем Стерлинг овој пат можеби нема да стартува исто како и Фернандињо кој одигра слабо пред неколку дена. Но, со Габриел Исус и Лерој Сане повторно во акција, Сити може да биде сигурен дека ќе ја заврши работата.

Нема причина Арсенал да верува во успех

Арсенал во Премиер Лигата против Сити е несигурен – победија на само две од последните 11 средби меѓу двете екипи. Освен тоа Топџиите се катастрофални против колегите од “големата шестка” во последните неколку сезони, со две победи од нивните последни 16 такви натпревари.

Навивачите на домаќините сигурно се надеваат на бодови од овој меч, но вистината е дека Сити е далеку подобра екипа.

Арсенал очаен во одбраната, Сити перфектен во нападот

Ако Арсенал прими гол, тоа ќе биде прв пат на 10 лигашки натпревари по ред овој тим да не ја зачува својата мрежа празна. На последните 9 премиерлигашки мечеви Арсенал примаше барем по еден гол. Последен пат, таква серија имаа во 2002 година. Тоа ја нагласува нивната кршливост во одбраната, а ова е натпревар кој по традиција носи голема ефикасност. Затоа добро ќе биде да одиграте Над 2.5 гола иако коефициентот за тоа е само 1.51 во 10Bet. Ако сакате подобар коефициент, слободно можете да одиграте Победа на Сити и Над 2.5 гола со коефициент 2.30 во 10Bet.

Агуеро е главниот човек

Со тоа што Исус сеуште не е потполно фит, Агуеро треба повторно да го предводи нападот на Сити и затоа добро изгледа коефициентот 2.02 за тој да постигне гол. Аргентинецот постигна четири гола во последните шест натпревари во Премиер Лигата против Арсенал и ќе биде полн со доверба по неговиот неверојатен настап на Вембли во неделата.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…