Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најава ден 8: Перу мора да се „вади“ против Франција, Данска „брка“ 1/8 финале, Хрватска голем тест за „Гаучосите“

Најава ден 8: Перу мора да се „вади“ против Франција, Данска „брка“ 1/8 финале, Хрватска голем тест за „Гаучосите“

Започна второто коло од Мундијалот во Русија, а денес стигнавме до осмиот ден кој ни носи исто така три натпревари.

Мундијалската програма ја отвараат Данска и Австралија vo 14:00 часот во Самара.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данска во првото коло го совлада Перу со 1:0, но во тој натпревар се доби впечеток дека Перу беше подобриот тим, дури и нереализиаа пенал. Слободно може да се каже дека Данска до победата стигна поради слабата реализиација на Перу. Данците погодокот го постигнаа на асистенција на Ериксен, погоди Јусуф Полсен. Со евентуална победа денес веројатно би го обезбедиле вториот круг. Кога би победиле, би можеле да отпаднат само доколку Перу слави против Франција и Австралија.

Од друга страна Австралија одлично и парираше на моќната Франција и несреќно загубија. Со евентуален пораз во денешниот натпревар би се простиле од Мундијалот, а со реми би ги задржале теоретските шанси, додека со победа би направиле целосен хаос во групата.

Франција од 17 часот ќе се сретне со Пери во Екатеринбург. Додека за Франција ова е шанса за обезбедување на втората фаза. Перуанците после несреќниот пораз против Данска мораат да се „вадат“ против еден од фаворитите за титулата.

„Галските петли“ во првото коло ја совладаа Австралија, но многу потешко од очекуваното. Првиот гол го постигна Гризман од пенал, што воедно беше прв пенал досуден на светските првенства после интервенција на ВАР, Австралија потоа изедначи, за Погба на крајот да донесе победа.
Додека Перу веќе споменавме загуби од Данска во натпревар во кој изгледаше многу подобро.

Дербито на денот се игра од 20:00 часот, ќе се сретнат Аргентина и Хрватска.

За Аргентинците после ремито против Исланд ова едноставно е натправар кој мораат да го добија, додека Хрватите со победа би го обезбедиле пласманот во следната фаза.

Жорге Сампаоли веќе ја најави формацијата и се очекува да настапи со формација 3-4-3, без Павон од првата минута.

Аргентина (3-4-3): Кабаљеро, Меркадо, Отаменди, Таљафико, Салвио, Маскерано, Енцо Перез, Акуна, Меси, Агуеро, Меза

Хрватска (4-2-3-1) Субашиќ, Вршаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ, Ракитиќ, Бадељ, Ребиќ, Модриќ, Перишиќ, Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…