Денес на програмата во Русија е третиот ден од Мундијалот кој ни носи исклучително богата програма.
Прво од 12:00 часот својот пат на Мундијалот го започнува селекцијата која е една од првите фаворити за трофејот – Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Противник на Франција ќе им биде селекцијата на Австралија. Јасно, Французите се апсолутни фаворити за победа и се освен тоа би се сметало за изненадување.
Во минатото овие две селекции не се сретнувале на светските или европските првенства, но затоа имаа одиграно еден натпревар на Купот на Конфедерации во 2001 година. Тоа единствениот нивни официјален натпревар и тој завршил со победа на Австралија од 1:0.
Потоа одиграа уште две пријателски средби. Една истата 2001 година, заврши без победник и последната во 2013 година кога Франција славеше убелдива победа од 6:0.
Од 15:00 часот стартува натпреварот Аргентина – Исланд.
Гаучосите се секогаш во кругот на фаворит на светските првенства уште од 1978 година кога во својот Буенос Аирес го освоија насловот првак во светот. Некогаш имаа многу ѕвезди, а сега го имааат Лионел Меси. Разочарувањето поради неосвојување на титули на најголемите натпреварувања, напаѓачот на Барселона не го крие, а тоа оптеретување може да биде катастрофално во Русија. Далеку од тоа дека блескаа во контролните натпревари, а се уште им „жежи образот“ од шпанскиот шамар и поразот од 6:1. Сепак квалитет постои, таков што за Икарди да нема место. Дали Аргентинците ќе успеат? Тоа ќе го видиме во наредните неколку дена.
Исланд е дебитант на Светското првенство, но не и на големите натпреварувања, бидејќи пред две години имаше учество на Европското првенство во Франција. Времињата се менуваат, пред дваесет години беше невоможно да се замисли фудбалка репрезентација од Островот на север да биде дел од големо натпреварување, но и тоа го дочекавме. Нивните очекувања не се претерени, но се способни за големи дела. Ќе ги бодрат многу навивачи, па ако некој планира освојувачки поход на островот сега е вистински момент, бидејќи мал број Исланѓани ќе бидат дома. Прашањето е колку е спремен нивниот најдобар фудбалер Сигурдсон, а ако не игра, нивната кожа скапо ќе биде продадена на Меси и Гаучосите.
Од 18:00 часот се сретнуваат Перу и Данска. Ова е натпревар во кој нема изразит фаворит и е исклучително важен за двете селекции, со оглед дека очекувањата се токму овие две селекции да водат борба за втората позиција.
Поради добрата форма можеби мала предност им се дава на Данците кои немаат пораз на последните девет натпревари, но ова е Светско првенство и тука се претходно „паѓа“ во вода. Вчера веќе видовме дека Иран успеа да ја прекине добрата серија на Мароко.
За крај на денот од 21:00 часот ќе се сретнат Хрватска и Нигерија. Натпревар во кој веројатно голем дел фудбалски од нашата земја ќе навиваат за Хрватите, кога веќе немаме можност Македонија да ја гледаме на едно големо натпреварување.
Хрватска е фаворит против Нигерија. Селекцијата предводена од Златко Далиќ има фантастичен среден составен од: Модриќ, Ковачиќ, Ракитиќ…Но солидни се и останатите делови од тимот. Овој натпревар се игра на стадионот во Калиниград.
Од друга страна Нигеријците се чести гости на светските првенства и веќе многу пати покажале дека и тоа како знаат да бидат незгодни. Пред оваа средба Хрватска влегува непоразена на четири натпревари, а Нигерија е без пораз на последните осум средби.