Дома Топ вести „Наследникот“ на Нејмар го избрал Реал, иако Барса понудила повеќе – Позната и причината!

„Наследникот“ на Нејмар го избрал Реал, иако Барса понудила повеќе – Позната и причината!

junior

Фудбалерот кој Реал го плати минатото лето и го остави на позајмица во Фламенго, оваа недела за прв пат ќе се запознае со својот нов клуб.

На три дена пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, најголемото дерби во светот, младиот 17 годишен напаѓач, Винисиус Јуниор од Бразил допатува во престолнината на Шпанија.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сегашниот договор помеѓу Реал Мадрид и младиот Винисиус е таков што овој фудбалер ќе остане во неговиот клуб до 2019 година, а од летото 2019 година ќе го облече дресот на „кралевите“.

Неговиот агент откри дека Барселона понудила повеќе, но изборот на неговиот клиент бил Реал Мадрид.

„Барселона понуди повеќе од Реал и тој би заработувал повеќе. Но се договори со Реал бидејќи повеќе му се допадна нивниот проект. Некои мислат дека го избрал Мадрид поради пари, но тоа не е вистина. Винисиус беше сконцентриран на спортскиот аспект, а Реал во таа позиција беше подобар, Варан, Рамос, Касемири, Асенсио, Марсело, сите тие се фудбалери кои стигнаа пред да наполнат 22 години“, изјави Федерико Пена, агентот на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…