Дома Фудбал Останато Направен првиот голем чекор за организирање на Мундијалот во соседството

Направен првиот голем чекор за организирање на Мундијалот во соседството

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го направи првиот голем чекор кон обидот заедно со уште Грција, Бугарија и Романија да го организраат Европското првенство во 2028 или Мундијалот во 2030.

Вучиќ потврди дека ќе се формира Организационен комитет кој ќе биде составен од 16 члена (по четири од секоја држава). Исто така најави дека од следната година ќе започне реновирањето на стадионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ние донесовме одлука да формираме Организационен комитет кој ќе биде составен од 16 претставници, по четири од секоја земја во склоп на заедничката кандидатура за ЕП 2018 и СП 2030. Експерти во својата област ќе се занимаваат со оваа работа. Не се само стадионите, тука е и огромната работа околу хотелите. Тоа е за нас голем предизвик, ние имаме застарена инфраструктура и веќе следната година ќе започнеме со реновирање на стадионите“, изјави Вучиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…