Дома Фудбал Италија Наполи сака трајно да го откупи договорот на Оспина

Наполи сака трајно да го откупи договорот на Оспина

Челниците на Наполи имаат намера трајно да го откупат договорот на колумбијскиот голман Давид Оспина, пренесуваат италијанските медиуми.

Да потсетиме, тој летоска пристигна во Наполи од Арсенал за милион евра со опција италијанската екипа да може да го откупи договорот ако Оспина одигра преку 30 натпревари во сезоната.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сепак, дури и пред тие 30 натпревари Наполитанците сфатија дека Оспина е вистинскиот голман за нив и имаат намера да ја активираат клазулата по која можат да го откупат договорот за дополнителни 3,5 милиони евра.

Да потсетиме, Наполи летоска го купи и голманот Алекс Мерет, кој беше веднаш испратен на позајмица во Удинесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тоти: Ако играше Меси за Рома, немаше да освои ниту една „Златна топка“

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти го повтори неговиот став од пред еден месец,…