Дома Фудбал Останато Наполи потврди: Елмас негативен на Ковид 19

Наполи потврди: Елмас негативен на Ковид 19

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на најновото тестирање се покажа негативен на Ковид 19, потврдија од Наполи.

Минатата недела позитивни тестови на ковид-19 имаа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Пјотр Зиелински, па целиот тим беше во изолација.

Утринава било направено ново тестирање на целиот прв тим и сите биле негативни, што значи дека Елиф Елмас го победил коронавирусот и сега е негативен на Ковид.

Меѓутоа, сега е доцна и Елмас нема да се приклучи на репрезентацијата за утрешниот меч со Косово. Сега се чека и втор негативен тест за да може да се врати во тренажен процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…