Елиф Елмас иако во Наполи не е стартер сепак клубот и тоа како го цени, а потврда за тоа е последната изјава на спортскиот директор на клубот, Кристијано Џинтоли.
После информацијата дека Бенфика ќе се обиде да го доведе Елмас во јануари, се огласи Џинтоли и откри дека клубот покрај понуда од Бенфика одбил уште три други од Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Лидс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За Елмас не преговараме, ниту пак имаме намера за такво нешто, тој ќе остане во Наполи. После инвестицијата од 16 милиони евра после две години имавме понуди од 25-26 милиони евра. Бенфика, Лидс, Борусија Менхегладбај и Борусија Дортмунд се клубовите кои испраќаа понуди за Елмас“, изјави Џинтоли.
Ќе потсетиме, Елмас во Наполи дојде од Фенербахче за 16 милиони евра.