Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Дује Чалета-Цар е на радарот на Наполи и ќе се обиде да го донесе во своите редови ова лето.
Според „Кориере Дело Спорт“, италијанскиот клуб размислува за 23-годишниот Хрват како замена за Калида Кулибали, кој најверојатно ќе го напушти тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона, Чалета Цар настапи на 26 натпревари на сите турнири, постигна еден гол и се етаблираше во еден од најдобрите стопери во француското првенство.
Кулибали наводно го известил раководството на Наполи дека сака да ја промени средината и има богата понуда од ПСЖ, па се очекува Наполи да заработи околу 80 милиони евра од неговата продажба.
Целта на раководството е да донесе двајца врвни дефанзивци, а прв на листата желби е Чалета – Цар.