Tренерската смена во Наполи не донесе позитивни резултати, во Неапол се уште владее криза.
Џенаро Гатузо во пет натпревари на клупата на Наполи има порази колку што имаше Анчелоти на 15 натпревари во Серија А. Со четвртиот пораз во петтиот натпревар вчера против Фиорентина Гатузо стана најлошиот тренер на Наполи во последните 20 години. Последен кој имал ваков лош старт во Неапол беше Зденек Земан пред ддве децении.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи против Фиорентина играше навистина лошо и апсолутно го заслужи поразот од 0:2. Гатузо после натпреварот призна дека работите не изгледаат добро.
„Пред се мораме да им се извиниме на навивачите. Не смееме да бараме алиби, го допревме дното и брзо мораме да дознаеме што се случува со нас. Тимот тренира добро, а потоа доаѓа натпреварот играчите излегуваат на терен и не прават ништо. Изгледаме како да сме се запознале утрово“, изјави Гатузо.
Инаку, Елмас кај Гатузо скоро и да не добива прилика за игра во Серија А, па после 90 минути во купот, вчера цел натпревар го преседе на клупата за резерви.