Дома Фудбал Италија Наполи и Елмас со „петарда“ против Верона🎥

Наполи и Елмас со „петарда“ против Верона🎥

Наполи ја запиша најубедливата победа ова коло во Серија А и со 5:2 славеше на гостувањето кај Верона.

Мечот не почна добро за наполитанците и Верона прва дојде до водство со голот на Лазања, но до крајот на полувремето Кварацхелија и Осимен направија целосен пресврт.

По само три минути игра во вториот дел Анри израмни на 2:2, но потоа следуваа три гола на Наполи преку Лоботка, Зиелински и Политано.

Нашиот репрезентативец Елмас мечот го почна од клупата и ги одигра последните 25 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сари гледа напредок кај Аталанта пред тешкото гостување кај Милан

Тренерот на Аталанта е задоволен од реакцијата на тимот по лошата серија, но следниот тест…