Дома Фудбал Италија Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Пред две години тим од југот на Италија го донесе Виктор Осимен од Лил за наводна сума од 80 милиони евра. Сепак, се чини дека Лил од споменатата сума добил само 36 милиони евра.

Тоа лето, Нигериецот стана најскапиот Африканец досега, земајќи го првото место од Николас Пепе, кој исто така го напушти Лил една година пред Нигериецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лил беше во сериозен финансиски проблем во летото 2020 година, а трансферот на Нигериецот им овозможи да балансираат. Формулата за трансфер беше прво 70 милиони евра + 10 милиони преку бонуси, а потоа излезе дека договорот е 50 милиони евра додека останатите 20 биле покриени со с голманот Карнезис и тројца играчи од младинскиот тим на Наполи.

Тоа беше изненадувачки, бидејќи цените на младите играчи се сметаа за „напумпани“, а уште поконтроверзен беше фактот што тројца млади играчи никогаш не го облекоа дресот на Лила, туку веднаш беа испратени на позајмица во клубовите од Серија Ц за една година подоцна да им бидат раскинати договорите.

Играчите сега зборуваа со италијанските медиуми и порачаа дека таквите потези на Наполи им ги уништиле кариерите, во целата ситуација се чувствувале како пиони. Сега отворена е и истрага против клубот и првиот човек на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума се договори со Сити

Манчестер Сити постигна договор со италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, во врска со дог…