Дома Фудбал Лига на шампиони Наполи игра фантастична сезона, но има и еден проблем

Наполи игра фантастична сезона, но има и еден проблем

Наполи ја продолжи својата одлична форма со вчерашната победа против Ајнтрахт во осминафиналето од Лигата на шампионите (0:2), но екипата на Лучијано на Спалети има еден проблем – пеналите!

Како што одминува сезоната полека станува јасно дека Наполи има проблем со реализација на ударите од белата точка. Пенал промашија и вчера против Ајнтрахт, не го реализираше Квича Кварацхелија.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Сезонава во Лигата на шампионите Наполи изведе шест пенали и промаши три, пред Грузиецот промашија Зјелински и Осимен.

Треба да се спомене и дека Наполи на пенали беше елиминиран од Кремонезе во Купот на Италија, во таа пенал серија клучниот пенал не го реализираше лоботока. Најдобар процент на реализирани пенали имаат во Серија А, „пет од шест“, единственито кој промаши во италијанското првенство е Политано против Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Сити испрати понуда за нов голман

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити е во потрага по нов голман бидејќи иднината на Едерсон Мор…